Вто09292020

Последна промена02:19:11 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Ќе се одржи атлетскиот викенд Охрид трчаТ

Ќе се одржи атлетскиот викенд Охрид трчаТ

Сподели

Спортската манифестација број еден во Охрид, Атлетскиот викенд Охрид трчаТ ќе го „скрши“ мразот што се однесува до уличните трки во Македонија и регионов, откако од Комисијата за заразни болести доби зелено светло за одржување на настанот од 28 до 30 август.

 

Голема благодарност до Комисијата за заразни болести за начинот на комуникација и посветеноста заедно да го направиме тоа што е најголем приоритет за сите нас во овој момент, заштита, безбедност и сигурност на сите учесници на настанот. Одговорноста е голема. Охрид трчаТ ќе биде прва улична трка за оваа година во нашата земја и пошироко и навистина ни претставува голем мотив и предизвик, во вакви услови да го покажеме нашиот професионализам и визија за подоброто утре наше, на Охрид и на Македонија. - изјави директорот на трката, Иван Цветкоски.

Бројот на учесници е ограничен на 500, по 250 на полумаратонот (21 километар) и 250 за рекреативната трка на 5 километри. Пријавувањето е отворено до 23 август, 23 и 59 минути доколку претходно не се исполни предвидениот одобрен број за учество. Сите учесници кои ќе се пријават до 20 август ќе си имаат ексклузивно право да си имаат име и презиме на стартниот број.

Пријавувањето е на официјалната страна www.ohridtrcat.mk, каде што има поделани информации за се што е поврзано со четвртото издание на Охрид трчаТ.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK