Чет10222020

Последна промена09:46:58 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Го измамиле дека ќерка му направила сообраќајка, му зеле 1100 евра

Го измамиле дека ќерка му направила сообраќајка, му зеле 1100 евра

Сподели

Измамен повозрасен охриѓанец. Му пренеле дека се очевидци на сообраќајка со смртни последици која ја ппредизвикала неговата ќерка, па наводно за да и` помогнат му барале пари. 

 

На 27.09.2020 во 22.10 часот во СВР Охрид, 76-годишен жител на Охрид пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 650 евра и 40.000 денари. Според пријавеното, околу 15.00 часот лицето му се јавило на неговиот мобилен телефон и му соопштило дека бил очевидец на сообраќајна незгода со смртни последици, предизвикана од неговата ќерка во една соседна земја. Исто така, според пријавеното, лицето му побарало 25.000 евра за да помогне ќерка му да ја избегне затворската казна. Како што е пријавено, лицето се согласило и за помала сума и по кратко време пријавителот му дал 650 евра и 40.000 денари. СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот. 

Апелираме до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични информации добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 192 или во најблиската полициската станица, стои во сооппштението на портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK