Физички напад на „Туристичка“
- Детали
- Објавено на Понеделник, 23 Ноември 2020 11:57
Напаѓачот ќе добие кривична.
Вчера околу 12 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Л.У.(29) врз Т.Р.(29), двајцата од Охрид. Против напаѓачот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, стои во соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста во СВР Охрид.