Пет01152021

Последна промена12:13:48 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид На Сатеска нелегално изграден насип, жителите на Дебарца најавуваат протести

На Сатеска нелегално изграден насип, жителите на Дебарца најавуваат протести

Сподели

На реката Сатеска нелегално изграден насип  за движење на механизацијата на  автопатот Охрид Кичево.

 Жителите на Дебарца реагираат, коритото на реката во месноста Ново село е потполно  затрупано , нема проток на водата,  а  тоа ќе има еколошки последици врз живиот свет во неа.

Случајот го пријавиле и кај надлежните инспекциски служби,  но немало никаква реакција.

-„Реката како река во овој момент е запрена на некој начин се направи една барикада,  брана и нема никаков проток со тоа настанува уништување на растителниот свет во самото речно корито“, вели Златко  Цветаноски жител на Дебарца.

-„Направена е еко катастрофа со тоа што реката е преградена,  дотокот на вода  е прекинат тоа можело да се реши со цефки да нема прекин на водата“, вели Борис Џајкоски еколог.

Доколку насипот  остане , голема е  опасноста  од поплави  на земјоделските посеви и објектите во близина на реката.

-„Доколку настане зголемување на нивото на речното корито може да има опасност од поплавување на блиските ниви што се во околината и загрозување на населението што живее во близина“, додава Цветаноски.

Жителите на Дебарца  испратиле и допис до министерството за животна средина. Бараат итно отстранување на насипот или да се направи соодветен проток на водата во речното корито, во спротивно најавија  протести.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK