103 возачи од Охрид казнети за брзо возење
- Детали
- Објавено на Сабота, 09 Јануари 2021 12:52
Намален бројот на сообраќајни несреќи случени за време на Новогодишните и Божикните празници.
2020 година бележи рекорндо најмал број на жртви во собраќајки во историјата на земјава. Според полицијата причина за тоа се засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ сите градови.
Само вчера во Охрид беа изречени 103 казни за брзо возење.
- „Засилените акциски контроли што ги правиме е очигледно дека даваат резултати затоа што имаме значително намалување на бројот на сообраќјаните незгоди. Во ноември минататa година споредено со 2019 имавме намалување од 21% на бројот на сообраќајни незгоди, а декември имаме намалување на сообраќајните незгоди за 23%.“, вели Тони Ангелески портпарол на МВР.
Возаачите велат се трудат да ги почитуваат сообраќајните прописи, но ретко носат безбедносен појас на кратки релации.
-Да, да внимаваме колку што можеме. На кратко излегов заборавив да ставам појас, вели еден возач
-Низ град возите умерено внимавате? Да, бидејќи сум професионален возач. Не го ставив каишто бидејки без за кратко, вели друг возач.
Пребрзо возење и алкохол се најчестите причини за сообраќајните нерсеќи, кои често завршуваат со фатални последици.
Новинар Соња Рилковска