Нед03072021

Последна промена11:14:52 AM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Се излеа дел од Велгошка река

Се излеа дел од Велгошка река

Сподели

Се излеа дел од коритото на Велгошка река. Поплавен е локалниот пат  покрај неуреденото корито на каналот.

  Водата  им стигна пред  дворовите  на околните куќи . Жителите  стравуваат, доколку продолжи додливото време  ќе им ги  поплави и  куќите и  нивите .

 Причнина за излевањето е неисчистеното корито обраснато со треви, трње и отппад. Жителите направија импровизирана брана за да ја пренасочат водата.

- „Ова е селски пат. Има три функции, служи за поминување на селаните, има канализација, оваде  има шахти. Поголема вода и еве прелива наваму ни дојде и морав да го направам тоа времено да се заштитиме“ ,вели Петар Тодороски жител на Велгошти за ТВМ телевизија. 

Не е прв пат да се излее коритото на реката. И во минатото при дождливо време им се случувало истото.  Месната заедница од Велгошти побарала од општина да се исчисти и уреди кракот од каналот во должина од 50 тина метри, но велат биле одбиени.

-„Најзагрозени сме ние, водата ни влегува дома не може да се помине ќе снимате нагоре ќе видите. 0048 Не е исчистено коритото нагоре, треви има трње,  шипинки не знам што нема. Се јавив во општина дадовме и таму молба. Рече ќе дојдат ќе видат што е еве со месеци чекаме. Реагиравме додека беше убаво времето. Неколку пати ни се поплавил дворот“, вели Надица Тодороска жител на Вегошти. 

 

Од општина Охрид велат п охридски комуналец редовно ги одржува и два пати годишно ги чисти речните корита. Велгошка река последен пат е чистена пред три месеци.

 

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK