Саб04102021

Последна промена06:45:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Жителите на „Јане Сандански“ против реакциите на Охрид ЅОЅ

Жителите на „Јане Сандански“ против реакциите на Охрид ЅОЅ

Сподели

Жителите на улицата „Јане Сандански“  од Охрид  денес со граѓански собир изразија незадоволство од реакциите на граѓанската асоцијација „Охрид СОС“ и барањето да се стопира проектот за реконструкција на улицата.

Најавената реконструкција од страна на оппштината е добредојдена, но реакциите на Охрид ЅОЅ се потполно неиздржани, тврдат жителите.

 

Корените од дрвата го имаат потпполно унитено тротоаот, кој е непрооден. Луѓе се сопкаат, паѓаат. Мора да се засадат нови дрвја со пподлабоки корени бидејќи тротоарот со години е руиниран.

Инвалиди или деца со количка воопшто не може да се движат по тротоарот , коментираат жителите.

 

Не се работи само за обновување на дрворедот кој е стар веќе 40 години. Баравме реконструкција на водоводната мрежа, нивелирање на тротоарите, велосипедска патека. Добро е што конечно ќе се излезе во пресрет на нашите барања“, вели Илија Џепароски жител на улицата.

Тие се жалат на проблемите  од застарената водоводна мрежа за што со години барале од Општината да се замени водоводната инсталација стара повеќе од 50 години.


Имаме многу проблеми а најголем е со водоводната инсталација градена 1956-1957 година. Секој втор месец пука цевка, се прават големи штети. Дел од граѓаните имаат поднесено и тужби. Дрвјата треба да се сменат со нови кои имаат длабоки корења. Корените на постоечкиве се површински со што целиот тротоар околу нив е наткренат, не е безбедено за движење, па се случува некој да се сопне и падне“, вели Јове Јованоски.


Жителите се пожалија дека застарената водоводна мрежа им прави проблеми и при поголеми врнежи од дожд па водата им влегува во куќите.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK