Сре06162021

Последна промена12:15:03 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Кејот, марината и катната гаража закочени од Унеско

Кејот, марината и катната гаража закочени од Унеско

Сподели

Три капитални проекти за Охрид на чекор до реализација, заглавени со препораките на Унеско.

Проектот за реконструкцијата на градскиот кеј која требаше да започне оваа пролет, повтпрно е на ревизија во Париз. Иако опшптината ги направи сите потребни измени и го усогласи со препораките, сепак не доби одобрување за старт на изградбата.  Веќе две години се чека, а процесот може да трае уште со месеци.

„Во консултации со Националната комисија за Унеско ни беше кажано дека не смееме да почнеме со реконструкција на кејот  и за усогласениот објект не добиеме позитивно мислење. И сега повторно го испративме во Париз и ќе чекаме одобрение за проектот кој што сметаме дека е усогласен. Парите ни се обезбедени“ , рече градоначалникот Контантин Георгиески во емисијата Прашалник на ТВМ телевизија. 

Втор проект кој не може засега да се реализира е катната гаража  на пет ката во градскиот пазар. Проектот е изработен и чини 4 милиони денари, но спорна е висината на објектот.

„Тоа е одличен проект на околу 8 000 квадрати ќе биде катната гаража согласно ДУП е П плус 5 но тука имаме проблем со Планот за управување.  Проблемот со катната гаража  е што согласно планот за управување тука е предвидено  П плус 2,  а ние имаме објект од јавен интерес. Се надевам ќе имаат слух надлежните во Управата за кутлруно наследство“ , вели Георгиески.

Трет заглавен проект е долгонајавуваната марина во Охрид. Според планот за управување на Охридското езеро забранета е изградба на марина, а во каналот Студенчишта нема веќе место за пловила.

-„Ќе треба да се објасниме со Комсијата на Унеско дека марината која би се поставила ќе биде од понтонски тип нема да има насипување и бетонирање. Тоа се готови бетонски понтони, кои само се фундираат  долу со синџири, но за такво нешто ни треба дозвола и тој проект ќе оди во Париз  и сме во статус кво“, појаснува Георгиески.

Градоначалникот најави дека на сесијата со Унеско  во јуни која ќе се одржи онлајн ке бара одобрение за  овие три проекти да може што поскоро да се реализираат.

 

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK