Сре06162021

Последна промена12:15:03 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Патот кон Охрид и Струга во очајна состојба

Патот кон Охрид и Струга во очајна состојба

Сподели

На прагот на туристичката сезона патната инфраструктура  до главните туристички центри во земјава  потполно небебедна.

Поради изградбата на автопатотот,„Мајка Тереза“,  која трае веќе осум години  туристите  на патот до Охрид и Струга  се соочуваат со  имрповизирани кружни раскрсници, недоволно сообраќајна сигнализација, раскопани небезбедни делници  и безброј пренасочувања.

Најкритично е во близина на Подмолје,кеде  повеќе од една година има  импровизиран кружен тек со бетонски бариери. Возачите од регионот,  но и големиот број туристи велат патиштата се во очајна состојба.

-„Голем проеблем е на ова кружно има доста соосбраќај и не е регулирано. Сигурно пречи на сите“, вели еден возач.

-„Хаос е ама одамна не сме дошле. Катастрофа, не знам што се случува ова се прави со години,  не знам што се случува“, велат туристи.

-„На овој кружен тек не  му е е местото , не е ова сообраќајно решение“, велат возачите.

-„Ова е времен кружен тек додека се прави надвоникот,но ете остана така“ вели еден охриѓанец.

Според  полицијата кружниот тек кај Подмолје е  времено решение до изградбата на новиот надвозни.  Критично е и  на патот Дебарца – Охрид  - Струга, каде изминативе години се случени десеттици сообраќајни несреќи  со повеќе жртви.

„Oд почетокот на 2021 година заклучно со месец април , на патниот правец Охрид-Кичево, регистрирани се 15 сообраќајни незгоди со 10 тешко повредени лица и 1 жртва, додека, во текот на 2020 година, евидентирани се вкупно 69 сообраќајни незгоди со 33 тешко повредени лица и 2 жртви.  Апелираме  до граѓаните да бидат крано внимателни во сообраќајот“, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. 

Осум  години трае изгадбата на автопатот Охрид Кичево.  Делницата    долга 57 километри требаше да биде готова во јануари  2018 година. Според ресорното министерство, поради пропусти во проектирањето се пролонгира изградба,  а трошоците  надминаа половина милијарда евра.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK