Сре06162021

Последна промена12:15:03 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Успешна генералка во Охрид

Успешна генералка во Охрид

Сподели

Големи количини на неразградлив отпад денеска беа подигнати од крајбрежјето на Охридското Езеро во рамки на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“.

Се чистеа плажите Грашница, Горица и Св. Стефан како и плажата пред село Пештани.

Во теренските активности за чистење беа вклучени Општина Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“, локалните здруженија „Брег на младоста“ и „Чист Охрид“ како и голем број граѓани.

Акцијата беше иницирана и организирана од страна на компанијата „Мен енд маунтен“, со поддршка на Министерството за животна средина, „Пакомак“ и Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија.

Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата и истата беше реализирана согласно протоколите за заштита од Ковид 19.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK