Сре06162021

Последна промена12:15:03 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид По обвинувањата на ВМРО , реакција на СРЦ „Билјанини извори“

По обвинувањата на ВМРО , реакција на СРЦ „Билјанини извори“

Сподели

Извесен период, теденциозно и без основа ВМРО ДПМНЕ, пратеникот Кирил Пецаков и веб порталот Охрид 24, оркестрирано излегуваат во јавноста со разни критики за одржувањето на Спортско – рекреативниот центар и воопшто работата на ЈП „Билјанини Извори“, стои во реакцијата на директорката на СРЦ „Билјанини извори“ Гордана Јованоска. 

 

- „Нивните забелешки се смешни и крајно не издржани. Критикуваат колку само да се спори и негира нашата успешност во секој поглед која јавноста ја гледа и ни дава позитивни коментари.
Како што се наближуваат локалните избори јасно ни е дека нашето ЈП „Билјанини Извори“ се’ повеќе ќе им боди очи. Од едноставна причина што за време на нивното владеење на централно и локално ниво состојбата во претпријатието беше хаотична и тешка. Крчма без крчмар.
Вистина која, за ВМРО ДПМНЕ е болна, но треба да си ја признаат.
Јавно ги прашуваме, доблесно е да се изјаснат:
-Цело време се повикувате на тоа дека вие тоа што сте го направиле, ние не можеме да го одржуваме, па кажете барем три работи кои се направени во СРЦ „Билјанини Извори“ од страна на локалната во ваше време кога вие господине Пецаков бевте советник и градоначалникот беше од вашите редови.
Кога ја спомнувате и споделувате фотографијата со некосената трева, одговорете, за што вие сте се заложиле да се направи во вашето „златно време“ кое за работниците беше период без плати, придонеси и здравствено осигурување, а претпријатието се давеше во долгови.
Каква механизација е купена во ЈП Билјанини Извори за вашите четири години владение?
Ние не можиме да се сетиме на ваква инвестиција а Вие?
Ние моравме да враќаме долгови, да покриваме загуби и да инвестираме.
И друго да ви кажеме дека сликите кои ги имате објавено се од земјиштето кое вие пред избори го дадовте под закуп на ваш близок сопартиец и на кое тој требаше да постави урбана опрема. Тој и денес уредно ни плаќа кирија, но не го одржува просторот. И покрај тоа ние го одржуваме овој простор. Само оваа пролет е двапати косен и секојдневно чистен од отпадоци и ќе продолжиме и понатака да го одржуваме.
Почитуван Пецаков, ВМРО ДПМНЕ и Охрид 24 доста со седење во кафеани и празно, неосновано плукање и критикување.
Ве молам во мое име и во име на вработените за барем малку објективност во Вашите излагања и диригираните медиумски објави. Тие воопшто не го намалуваат мојот и еланот на целиот тим. Чесноста, работливоста и сериозноста во работата се на наша страна. Ние ќе продолжиме така а Вие како што милувате.
Само објективност и реалност му доликуваат на пратеник во македонското собрание, на партија која е во опозција и сака да дојде на власт и на медиум кој сонува да е читан од сите а протежира партиски интереси.
Повелете во нашето претпријатие со гордост подробно ќе Ве информираме за сите наши проекти кои се во тек и се целосно поддржани од градоначалникот, локалната самоуправа, Владата , Агенцијата за млади и спорт...
Па, можеби така ќе ви биде полесно не да не критикувате туку да не поддржите – нашите услуги и дејности не познаваат партиска боја, наменети се за сите и затоа заслужуваат поддршка.
Немаме волшебно стапче ама работиме посветено. Тие што работат можат и да згрешат а другите... се знае, изјави Гордана Јованоска директор ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK