Сре06162021

Последна промена12:15:03 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Живи сведоци од Охрид раскажуваат за Божјо чудо од пред 60 години

Живи сведоци од Охрид раскажуваат за Божјо чудо од пред 60 години

Сподели

Возрасни граѓани од Стариот дел на Охрид сведочат за силата Господова во најголемото духовно светилиште во земјава.

Денес наполниле по 80 тина години, но како вчера да било се сеќаваат на Божјото чудо, кое се случило пред околу шест децении во близина на црквата Свети Никола Геракомија. Чичко Илија Боев, тогаш бил во цутот на младоста, денес жив сведок на појавата на ликот на Мајката Божја со Исус на прозореот од куќата на Коле Котуше.
Било околу пладне, кога Божјото чудо се отсликало на прозорецот , а голем број граѓани се собрале и со неверување гледале, се крстеле и молеле пред иконата.

-„Кога дните на младоста паднат во заборав, нека убавите спомени останат во сеќавање. Се сеќавам поминував тука и пред куќата на Коле покоен гледам народ собран присутни луѓе пријатно се изненадив и се запрепастив, ликот на Богордица се појави на прозорецот.  Што треба да значи ова радост ли е? Во тој момент некој рече еве на прозорецот се гледа Богодродица со Христос навистиме ме трогна се гордеам и радувам што до денес го паметам тој момент. Таа импресија,  тоа е незаборавна работа. Јас застанав и реков ова е историски момент ова мора да се забележи да се запомни да се памти вечно како и што го паметам“, вели Илија Боев сведок на чудото.

За чудото на Мајката Божја сведочи и Јаким Каневче, кој вели таа случка ќе ја памети доживотно.

-„Тоа беше некаде пред околу 60 тина  години. Тогаш бев млад сега сум дедо, имам  82 години. Старата куќа по лик е иста ама е преуредена внатре. На еден прозор беше ликот целиот вака до половина на Света Богородица, чудо,  не можеш да го сликаш. Како да го гледаш во огледало. Одевме ние сите, од сегде доаѓаа да ја гледаат. Се чудевме како може така Богородица да се појави на прозорот. Тоа човек да го црта не може да го нацрта. Тоа беше само Божја работа“, раскажува Јаким Каневче сведок на настанот.

Во нивните сведоштва силно верува и нивниот пријател Љупчпо Маслов, кој вели и лично бил сведок на повеќе Божји чуда, кои му се случиле на патот до Ерусалим.

- „Бев пријатно изненаден, но не и зачуден затоа што верувам дека чудата се Божја работа што одвреме Севишниот и Пресветата ни даваат до знаење дека се присутни не е ова само празно небо. Јас често велам држиме една црквичка кај Канео дека се е работа Божја и не е ништо случајно. Муабетот пријатно ме изненади да не сум нескромен, но се почувствував како почестен што куќата е од моја сопруга од дедо и Коле Котуше.Токму тука се појавила мајката Божја и верувам дека не е нешто случајно,  да ни даде до знаење дека се присутни заштитници наши. Јас цврсто верувам дека сме постојано под нивна опсервација“, вели Љупчо Маслов верник.

Живите сведоци случката ја раскажуваат со децении, на внуци, правнуци и пријатели, денес велат ја повикаа охридската ТВ за да останат запишани нивните сведоштва и да се пренесуваат на идните генерации.

Новинар Соња Рилковска

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK