Сре06162021

Последна промена12:15:03 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ИПА Охрид повикува на вело тура Охрид-Радожда

ИПА Охрид повикува на вело тура Охрид-Радожда

Сподели

Атрактивната велосипедска прошетка е во недела 16 мај.

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) -регион Охрид, во недела (16.05.2021 година), организира спора рекреативна велосипедска тура Охрид-Радожда-Охрид. Стартот е закажан во 08 часот од градското пристаниште во Охрид а се вози по крајбрежието на Охридското езеро, по стариот пат Охрид-Струга и потоа кон Калишта, хотелите „Бисер“, „Изгрев“ и „Макпетрол“ до преубавата Радожда. Тука, предвиден е едночасовен одмор и освежување на терасата на нашиот ИПА пријател-ресторанот „ДИНГА“ со атрактивен и неповторлив поглед кон Охридското езеро.
- ИПА регион Охрид, ги поканува своите членови од Охрид и Струга, членовите на велосипедските клубови од Охрид и Струга, новинарите но и сите заинтересирани граѓани од двата крајезерски града -љубители на велосипедизмот, да се вклучат во велосипедска прошетка и уживање од Охрид до Радожда и сите заедно, да најавиме добра велосипедска сезона и промоција на оваа тура како живописно и несекојдневно туристичко доживување, изјави м-р Стефан Димоски, претседател на ИПА регион Охрид.


Повеќе информации и пријавување на вибер на моб.тел.077 / 596 999 кај Александар. Средба со велосипедистите од Струга на паркингот кај „Аквариус“ во 09 часот.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK