Сре06162021

Последна промена12:15:03 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Хотелиерите ќе даваат попуст за летување на здравствените работници

Хотелиерите ќе даваат попуст за летување на здравствените работници

Сподели

Хотелиерите ќе даваат попуст за летување на здравствените работници.

По предлог на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот , ХОТАМ одлучи да даде 20% дисконт цена за сите вработени во медицинскиот сектор, како награда и благодарност за нивниот труд и придонес во справувањето со пандемијата.
Попуст ќе има и на угостителските услуги во склоп на хотелите.

-„Медицинските работници беа најногу ангажирани минатата година, изработија перфектно може да се каже. Ние , како луге некој знае да се пожали, но за нив би дале оценка 10 ка за нивниот труд и поради тие причини ги даваме тие попусти. За нив колку може да се помогне и од наша страна багодарни сме“ вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

Туристичко угостителскиот сектор ова лето привилегии нуди и за гостите од соседна Србија. Како благодарсност за дадените вакцини , српските туристи имаат попуст за летување, а се очекува да добијат и бесплатни паркинг услуги и влезници во музеите.

- „Попустот е од 10 до 20% повеќе од времето ќе биде 20% со исклучок на некои викенди како Илинден, јкога некои од хотелите нема да може да дадат 20 % ќе дадат само 10%“ , вели Блажески.

Агенцијата за туризам ги повика и рестораните да се вклучат со попуст за услугите на здравствените работници,,предлогот е на маса , но засега нема одзив од угостителскиот сектор.
Новинар Соња Рилковска

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK