Сре06162021

Последна промена12:15:03 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Мила Царовска го посети угстителското училиште во Охрид

Мила Царовска го посети угстителското училиште во Охрид

Сподели

„Учи паметно, работи стручно“ е кампања која МОН ја спроведува во соработка и со поддршка од Амбасадата на Швајцарија , преку која учениците се стекнуваат со пракса и потенцијално вработување по завршување на образованието, а компаниите добиваат стручно оспособен кадар кој на дадените работни задачи ќе одговори на стручен начин.

Денес, министерката за образование во Владата на Република Македонија Мила Царовска, изврши обиколка на пунктовите во двете училишта, за промоција на дуалните паралелки. Ако минатата година имало отворени 11 дуални паралелки, оваа учебна годи во земјава ги има 90, објасни министерката за образование и наука Мила Царовска.

„Целта на дуалнто образование е да учениците кои што се во средните стручни училишта, да имаат поинтензивна пракса во копаниите , од една страна да се запознаат со културата и динамиката на работа на компанијата, но и дас е остручат во механизацијаат и се она кое што го имаат тие сите компании, за понатаму да најдат полесно работа или во тие компании или во таа гранка за која што добиле стручно образование“ кажа министерката.

„Општина Охрид изминатта година додели стипендии на вкупно 412 ученици, рекорден број на стипендии било кога доделен, во вредност од околу 6 милиони денари“ подвлече Константин Георгиевски градоначалник Општина Охрид.

Општинското угостителскко туристичко училиште „Ванчо питошески“ од Охрид е едно од двете училишта во градов каде се спроведува моделот на дуално образование и е регионален центар кој учестува во промоција на средното стручно образование.

Извор ТВМ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK