Нед09192021

Последна промена07:49:47 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ЈП „Билјанини извори“: Градскиот базен за неколку часа беше уреден

ЈП „Билјанини извори“: Градскиот базен за неколку часа беше уреден

Сподели

Само два дена по донесувањето на ребалансот на Буџетот на Општина Охрид на седницата на Советот на општина Охрид на која ВМРО ДПМНЕ се обиде да поентира и да ја критикува работата на ЈП „Билјанини Извори“ а не успеа и аргументирано беше побиено со факти предочени од страна на директорката на ЈП Гордана Јованоска, следи нова „критика“ од оваа партија , дури и барање за нејзино разрешување, стои во реакцијата на ЈП „Билјанини извори“. 


ВМРО ДПМНЕ – Охрид треба да престане да се однесува како да не е од Охрид. Да сака развој на туризмот а да спречува организирани и целосно контролирани забави во смисла на ред и поредок во содејство со СВР – Охрид и други задолжени за тоа.
ВМРО ДПМНЕ – Охрид не може да преболи како некогаш нивните кадри раководеа и до кој степен го оставија ова ЈП а сега и покрај Ковид – 19 пандемија тоа функционира успешно на сите полиња и е едно од најуспешните во својата област не само во Охрид , туку и пошироко.
ВМРО ДПМНЕ – Охрид нека не се грижи за хигиената – нормално е на забави и кога има толпа луѓе да има и смет. Туку треба да учат од нас што значи организација на работа и за само неколку часа тоа да е средено и дури да не се познава дека тука само пред – час два се одржувал концерт. Но тие само знаат да плукаат и обвинуваат.
И како што беше планирано – отворениот пливачки базен беше пуштен за рекреативци и сосема чист уште во 10 часот утрово , а не ко во нивно време кога со години беше депонија и чекаа некој друг да им го реши проблемот и да го и исчисти и стави во функција.
Најдобар доказ за ова што ни го работиме се фотографиите направени утрово.
ЈП „Билјанини Извори“ ќе продолжи во насока на својот развој. Да организира настани од секаков вид и во соработка и поддршка од општина Охрид и во координација со градоначалникот Константин Георгиески. Секако, во интерес на сите и на граѓаните и на туристите со почитување на сите законски мерки.
За крај онаа поучната за штурецот и мравката: Лето е треба да се работи, секако умно и така како што доликува за во зима сите поспокојно да живеeме во нашиот Охрид, одговорија од ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK