Саб10232021

Последна промена01:39:51 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Полицијата приведе тетовчанец и казни несовесни возачи

Полицијата приведе тетовчанец и казни несовесни возачи

Сподели

Тетовчанецот бил агресивен во угостителскиот објект.

Утрово во 08,55 часот, во СВР Охрид приведен е В.М.(38) од Тетово.
- Тој претходно, во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир, со викање и непристојно однесување кон вработените а потоа и кон полициските службеници. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Портпаролот Димоски, информира дека вчера, „при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници во Охрид регистрирале три прекршоци за непрописно запирање и паркирање моторни возила и два прекршока сторени од моторциклисти по што, издадени се соодветни платни налози. Од извршените контроли, не се регистрирани возачи на такси возила кои вршат нелегален јаверн превоз на патници“.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK