Саб10232021

Последна промена05:16:31 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид И Охрид и Струга до година ќе добијат затворени базени

И Охрид и Струга до година ќе добијат затворени базени

Сподели

Затворениот базен во Струга се уште е руина.

Иако според последната најава неговата реконструкција требаше да започне во мај годинава рокот повторно се пролонгира.
Откако последниот иведувач од 2019 година до денес успеа само да го огради базенот, а поради пандемијата се откажа од зафатот, сега е избран нов изведувач, кој се очекува да започне со градба за десеттина денови.

-„Заврши тендерската постапка доби нов изведувач и во среда завршуваат жалбените постапки, нема да има жалби беа пијавени само две фими и се надевам за десеттина дена да почне градбата“, вели директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски.

Реконструкцијата требаше да чини 30 милиони денари, а предвидуваше современ пливачки базен за враќање на водените спортови. Според Мојсоски за помалку од 18 месеци, конечно ќе се оствари долгогодишниот сон на стружани.

„Се надевам дека следна година дали во летото , дали веднаш после летото базенот ке биде готов и јас да си ги вратам спомените мои пред ракометот и јас пливав пет години и јас имам спомени од тој базен“, додава Мојсоски.

Стружани со децении бараат враќање на базенот во функција,.речиси и да нема избори во кои токму базенот е главно ветување. Струшкиот затворен базен е изграден пред 40 тина години, во него тренираа и охриѓани, Две децении е надвор од функција , оставен да се распаѓа.
Воедно, од 2015 година се гради и затворениот базен во Охрид, после цели шест години од Агенцијата за спорт и млади велат дека е во завршна фаза и се очекува идната пролет да биде ставен во функција.

Новинар Соња Рилковска

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK