Вто12072021

Последна промена04:32:00 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Пандемијата го продлабочи проблемот со недостиг на стручен кадар во туризмот

Пандемијата го продлабочи проблемот со недостиг на стручен кадар во туризмот

Сподели

Пандемијата го продлабочи проблемот со недостиг на стручен кадар во хотелско угостителскиот сектор.

Недостигаат келнери, шанкери, готвачи, рецепционери, собарки......Особено загрижува тоа што значително е намален и интересот на изучување на насоките туризам и угостителство и во средно училиште и на факултетот.
Хотелиерите се загрижени,велат дејноста им е загрозена поради недостигот на работна сила.

-„Може да видиме самите дека денеска на пазарот на трудот нема ниеден кувар што не е запослен, практично и да зема солидна плата“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

-„Недостатокот почнува уште од училиштните клупи од средно образование каде за жал е намален интересот, 10% од вкупно запишани средошколци се запишани на овие струки кои се потребни за ова стопанство“, вели Тоше Чочороски хотелиер.

Голем дел од стручните кадри заминуваат и сезонски работат по туристичките места во Хрватска и Грција. Од Организацијата на работодавачи на Македонија велат платите во угостителскиот сектор, не се ниски и не се главната причина.

- „Платите во угостителскиот сектор се многу повисоки од оние во другите сектори така да сметам дека тие не се причина за заминување на младите’, вели Владанка Трајкоска, претседателкаta на Организација на работодавачи на Македонија.

Хотелско угостителскиот сектор на брегот на Охридското езеро е најпогоден од недостигот на стручен кадар во туризмот.

Новинар Соња Рилковска

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK