Вто12072021

Последна промена04:32:00 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Пецаков: Саможртвата и идеалите на борците за независна Македонија се должни за почит и вечен аманет

Пецаков: Саможртвата и идеалите на борците за независна Македонија се должни за почит и вечен аманет

Сподели

23 Октомври - Симбол на непокор, патриотизам и слобода.
Дамјан Груев, Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов, Христо Татарчев, Христо Батанџиев и Андон Димитров ја основаат Македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година во Солун, пишува Кирил Пецаков кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ.


Саможртвата и идеалите на борците за независна Македонија се должни за почит и вечен аманет.
Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба!
Идејата е вечна!
Да живее Организацијата!
Да живее Република Македонија, пишува Пецаков.

И ВМРО ДПМНЕ го честита 23 Октомври: 

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.
23 Октомври – Симбол на патриотизам, непокор и победа!
На 23 октомври 1893 година во Солун темелите на Македонската револуционерна организација ги удираат шесте визионери Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев.
Крајна цел на ВМРО била и останала секогаш – Македонија.
Вечно да ги славиме хероите кои својот живот го положија на олтарот на слободата за Македонија.
Промените, проектите и победите носат подобро живеење за нашите граѓани, развиен Охрид и силна Македонија.
Нека е честит Денот на македонската револуционерна борба!

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK