Сре01262022

Последна промена08:18:17 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Јапонската амбасада доделува вредна донација за болницата во Охрид

Јапонската амбасада доделува вредна донација за болницата во Охрид

Сподели

Денеска во Општина Охрид беше потпишан договор за имплементација на проект од Грант програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP), преку кој Амбасадата на Јапонија доделува вредна донација на охридската Општа Болница.

 

Вредноста на проектот е 60.000 евра, а средствата ќе бидат наменети за набавка на нов подвижен рентген апарат, со кој значително ќе се подобрат условите во хирушкиот блок и ќе се подигне квалитетот на здравствените услуги за пациентите во Охрид.

Договорот за грант го потпишаа Амбасадорот на Јапонија, Савада Хиронори и директорот на Општа Болница, д-р Горан Балески во присуство на грaдоначалникот Кирил Пецаков.

 

-Во мое лично име и во името на граѓаните на Општина Охрид, сакам да искажам искрена благодарност до Амбасадата на Јапонија и јапонскиот народ за овој огромен гест на великодушност и солидарност. Вредната медицинска донација е уште еден важен пример за нашето долгогодишно пријателство и меѓусебна соработка. Оваа можност сакам да ја искористам и да искажам јавна благодарност за целокупната досегашна помош од страна на амбасадата на Јапонија и сите успешно реализирани проекти во Општина Охрид. Искрено се надевам дека и во иднина ќе воспоставиме низа нови партнерства за институционален развој и градење капацитети во повеќе општествени сегменти, истакна во своето обраќање градоначалникот Пецаков.

Тој потенцираше дека Локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи да дава поддршка и да биде вклучена во реализација на важни проекти, со кои се обезбедуваат подобри здравствени услови во Охрид.

Во рамки на својата посета на Охрид, Абасадорот Савада Хиронори оствари и протоколарна средба со градоначалникот Кирил Пецаков на која беше разговарано за можностите за идна соработка, за економскиот развој на општината и можностите за поголема туристичка промоција на културното и природното наследство на Охридскиот регион.

 За охридската болница дигиталниот рентген апарат шт ќе се набави од донацијата ќе значи многу, рече директорот Балески. 

Овој  апарат е од исклучителна важност за унапредување на квалиететот на здравстевна заштта на пациентите и поефикасна работа во болницата. Ова не е прва соработка со јапонската амбасада, во 2016 година од Јапонија добивме амбулантно возило кое последните две години беше повеќе од потребно во пандемијата, рече Балевски. 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK