Пет09222017

Последна промена06:05:52 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Филев го изработи првиот џиновски бисер

Филев го изработи првиот џиновски бисер

Сподели

Младиот познат изработувач на охридски бисери, Михајло Филев повторно подготви вистинско изненадување за љубителите на убавото.  Овој пат тој го изработи првиот  џиновски бисер. Со материјали од Охридското езеро, Танганика и Бајкалското езеро успеа да направи уникатен производ. 

 

- Ова е уште еден мој успешен проект. Сакав да пробам да направам нешто уникатно, па со материјали од трите езера кои имаат доста  сличности успеав да го направам овој џиновски бисер, истакна Филев гостуваји во утринската програма на Канал 5 телевизија. 

Овој производ ќе биде изложен во салонот за бисери на семејството Филеви во строгиот центар на Охрид, а љубителите на убавото ќе можат да уживаат во неговиот изглед. 

- Овој  производ ќе биде изложен во мојот дуќан но доколку има зинтересирани купувачи  за ваков уникатен производ ќе може да им се изработи по нарачка. Овој е навистина посебно квалитетен гердан бидејќи содржи елементи од трите езера, додава Филев.

Младиот Михајло е  вистински уметник во својата професија. Покрај тоа што ја наследи традицијата за изработка на охридски бисер од својот прадедо,  тој постојано воведува новини и од бисерот прави врвни уметнички дела на кој се восхитуваат и најпребирливите и оние со најпрефинет вкус. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK