Пон10142019

Последна промена08:58:44 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга ВИДЕО РЕПОРТАЖА: Исцелителната моќ на Калишкиот манастир

ВИДЕО РЕПОРТАЖА: Исцелителната моќ на Калишкиот манастир

Сподели

Денес се слави  Рождество на Пресвета Богородица.   Охриднет Ви носи една прекрасна репортажа за истоимениот  манастир во село Калишта струшко. 

Синоќа и денес  сите патишта водат во Калишта. 

Таму се поклонуваат на Чудотворната икона единствената „Црна Богородица“, во која се верува дека мајката Божја исцелува од болести. 

Молитвите ги полагаат и брачни двојки кои немаат деца, се верува дека мајката Божја овие денови е присутна и ги исполнува желбите на сите кои и се молат. 

Според житието Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко Ѝ беше од племето Давидово, а мајка Ѝ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи им го синот Исак. И семноќниот Бог Којшто гледа с ѐ ги израдува со радост што ги надминуваше сите нивни очекувања и најубави соништа. Бидејќи им подари не само ќерка туку и Божја Мајка; ги озари не само со привремена радост туку и со вечна. Бог им даде само една ќерка, којашто подоцна им роди само еден внук - но каква ќерка и каков внук! Благодатната Марија, прославена меѓу жените, храм на Светиот Дух, олтар на Живиот Бог, трпеза на небесниот леб, кивот на светоста Божја, дрво со најсладок плод, слава на родот човечки, пофалба на женскиот род, источник на девственоста и чистотата - тоа беше од Бога даруваната ќерка на Јоаким и Ана. Родена во Назарет, а после три години одведена во храмот ерусалимски, од каде што се врати подоцна пак во Назарет, за наскоро да ја чуе благовеста на Светиот архангел Гавриил за раѓањето на Синот Божји, Спасителот на светот, од Нејзиното пречисто и девствено тело.

Репортажа за прекрасниот манастир во Калишта

На брегот на Охридското езеро, во струшкото село Калишта се издигнува еден од најубавите манастири  во земјава, посветен на раѓањето на Мајката Божја. Сместен во живописната крајезерска природа изобилува со вонземска убавина. Калишкиот  манастирски комплекс  го сочинуваат четири  светилишта, две пештерски цркви посветени на Богородица и Атанасиј Велики, и уште две цркви едната  посветена  на мајката Божја другата на светите апостоли  Петар и Павле.

За чудата на манастирот се слуша надалеку. Овде е една од највредните икони во земјава,  единствена на Балканот  Чудотворната икона – Богородица во црно, пронајдена во малата пештерска црква. Се верува дека мајката божја исцелува од сите неизлечиви болести но и  ги дарува оние кои не можат да имаат деца, сведочи домаќинот Наќе Парталов кој веќе десет  години живее во манастирот. 

- Луѓе односно жени кои што немале дечиња молејќи се на пресвета Богородица  стануваат мајки а и многу од мајките доаѓајќи со своите веќе поголеми деца доаѓаат и потврдуваат дека да не беше Пресвета Богородица можеби ќе го немав ова детенце што оди сега, Наце Парталов домаќин на манастирот. 

Чудата на иконата се запишани и во манастирските книги. Едно од нив е дека  во втората светска војна фашистите повеќе пати се обидувале да ја потопат иконата, но таа секогаш се ослободува од челичните синџири и се враќала повторно пред манастирот.

Секој кој го посетил Калишиот манастир ја почуствувал милоста на Мајката Божја.

Во манастирот има извор со лековита вода. Од под црквата посветена на  Светите апостоли Петар и Павле извира света  вода  која  со молитва лекува главоболка и болести на очи. Во Калишкиот манастир од 11 век до денес живеат монаси,  а  култот кон Мајката Божја се пренесува со векови.

- Континуирано сме врзани со манастирот и како деца континуирано сме доаѓале. Една од историските реткости посебно за нашиот крај мислам дека има многу посетители, служба. Отсекогаш познат по примерност во смисла на  хигиена, вели еден стружанец. 

Во манастирскиот двор се наоѓа  Чинарот од времето на Цар Самоил,  стар 700 години. Духовноста на светилиштето , верувањето во исцелителноста  и благословот на Мајката Божја  е вистинска магија и причина за многуте венчавки и крштевки во манастирот.

-Овде многу често имаме венчавања и крштевки тоа може да се забележи  и од свештеничката книга во црквата во Струга каде што закажуваат најчесто да има венчавка во Калишта. Се во славата на Мајката Божја. Овој манастир самата историја, убавината на манастирот, самата благодат  , вели  Перо Гогоски црковно лице. 

Верници од Австралија најавија  реновирање на четвртата црква.  Свети Атанасија, која е надвор од манастирот високо во карпите речиси  руинирана, но се очекува наскоро да почне реконструкција. 

Манастирот Рожденство на Пресвета Богородица  е спој на духовност и мир, ги плени верниците од сите страни на светот. Ги лекува болните, ги исцелува несреќните. Денес, ова светилиште  е летна резиденција на архиепископот македонски гдин г дин Стефан. Машки манастир во кој  живее монахот Наум. 

 новинар Соња Рилковска 

 ВИДЕО РЕПОРТАЖА 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK