Чет11152018

Последна промена07:54:21 PM

Back Вие сте на: Home Вести Струга И Струга го одбележа Денот на ослободувањето

И Струга го одбележа Денот на ослободувањето

Сподели

Вчера на 8 Ноември Струга честуваше по повод Денот на ослободување на градот од фашистичката окупација ( 1944 – 2018 ) во организација на ОО на Сојузот на борци од Струга и Локлната самоуправа.


По тој повод се положи свежо цвеќе на спомен обележјата од НОБ.ОО на Сојузот на борци од Струга предводена од Претседателот на Ајредин Мемеди,кој заедно со делегацијата положија 74 ружи пред споменикот на Револуцијата на плоштадот во Струга,за 74 години слободна Струга.


Свое обраќање и поздравен збор за значението на славниот датум 8 Ноември – ослободувањето на градот пред споменикот имаше г-н Ајредин Мемеди,Претседател на ООСЗБ од Струга,кој рече дека денеска се навршуваат 74 години од денот,кога во далечната 1944 година,стружани ја славеле слободата.

Овој ден е голем празник за сите нас затоа што ја славиме победата за подобро утре,се потсетуваме на херојските дела,но и го продолжуваме аманетот на нашите предци,да ја сочуваме крваво добиената слобода истакна Мемеди.Потоа во просториите на Сијузот на борци приреди прием на преживеаните борци,за членовите на семејствата на паднатите борци и за други граѓани и гости.
Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK