Саб04102021

Последна промена06:45:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Професор од Струга шест години чека решавање на работниот статус

Професор од Струга шест години чека решавање на работниот статус

Сподели

28  годишниот професор ,  Стефан Нестороски од Струга, шест години чека решавање на работниот статус.

Предава хармоника во Средното музичко училиште „Тодор Скалоски“ во Струга, со полн фонд часови, но со  години работи како хонорарец, со месечен  договор на дело, нередовни примања, ниту стаж , ниту  здравствено осигурување.

Иако има полно работно време, тој секој месец се пријавува во Заводот за вработување  како активен барател на работа.

-„Еве веќе шеста година чекам трансформација на  работниот однос од хонорарец , ни стаж ни редовна плата. Ова е еден апел, многу не има во државните институции што сме заглавени со години и надеж за подобро утре“, вели Стефан Нестороски професор по храмоника. „

Училиштето секоја година бара трансформација на работниот однос, но или барањето им е одбиено или не добиваат одговор од надлежните министерства. Професорот и лично пишувал дописи,  но  до денес не добил  одговор.

-„Не постои никаков актуелен закон за хонорарците, немаме никакви права нема ни кај да се обратиме.  Во летните месеци всушност кога е  распустот на учениците и нашиот работен однос е прекинат  така да оставени сме на милост и немилост да се снаоѓаме  во ова општество“, додава Нестороски.  

Стефан ја сака својата професија, тоа го учел и сака да го работи, а дека е успешен потврдуваат многуте освоени награди на државни и меѓународни  фестивали. Доколку  не му се реши работниот статус, Нестороски вели  ќе биде принуден својата иднина да ја бара надвор од државата.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK