Саб05152021

Последна промена02:29:29 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Нова медицинска апаратура во Нефрологија Струга

Нова медицинска апаратура во Нефрологија Струга

Сподели

Специјализираната болница за нефрологија Струга се поднови со медицинска аппаратура.


Се модернизира Специјзализираната болница за Нефрологија во Струга. Набавена е нова медицинска апаратура, нов дигитален рентген апарат и апарат за молекуларна дијагностика за брзо откривање на вирусни и бактериски заболувања.
Молекуларна дијагностика има само во четири здравствени установи во земјава и е од големо значење за пациентите во Југозаппапдниот регион. За само еден час ќе се утврдува вирусна инфекција.

-„Се работаат сите сите интервенции за пациентите, крвни слики, дијагностика рентген. Ќе го добиеме новиот дигитален рентген аарат кој го купивме сопствени средства мислам дека ќе помогне во дијагностиката во квалитетот на рентгенските снимки “, информира д-р Александар Попоски супспецијалист нефролог и директор на Специјализираната болница за нефрологија Струга.

Годинава болницата ќе започне со правење на бубрежни биопсии. Единствениот предизвик им е воведување трансплантација на бубрези.

-„Имаме две операциони сали, одделение за урологија, имаме крвни пистапи. Сметам дека транспплантацијата технички не би требало да е голем проблем, можеби следењето е проблем, меѓутоа имаме колеги со големо искуство тоа треба да го направиме натаму со дополнителна едукација“, додава Попоски.

Корона вирусот ги погоди и пациентите со бубрежни заболувања. До јануари годинава 84 пациенти на хемодијализа од регионот заболеа од корона вирусот, моментално состојбата е стабилна хосппитализирани се само два позитивни пациенти.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK