Сре06162021

Последна промена12:15:03 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Празна е Велигденската трпеза на семејството Рајчиноски од струшко Мислешево

Празна е Велигденската трпеза на семејството Рајчиноски од струшко Мислешево

Сподели

Празна е Велигденската трпеза на семејството Рајчиноски од струшко Мислешево.

Живеат со една  минимална плата и кредити за лекување на двете  болни деца. Секој ден е битка како да се преживее, а детските  желби се скромни. Сонуваат за тоа што е неопходно  облека , лекарства и храна. Битката со сиромаштијата и болестите се исцпрпувачки , низ солзи раскажува таткото Илче.

 

„ Никако , многу тешко живееме , имаме  кредити, имаме извршители , блокирана ми е сметката.  Колкава ви е платата? 16 000 и се ми е во кредит имам извршители блокиран сум.Кредитите ги зедовме за лекување на децата.  Не можам, не можам“,низ солзи вели Илче Рајчиноски жител на село Мислешево Струга.

Ќерката Дукадинка  е првото дете во земјава врз кое е извршена успешна трансплантација на бубрег пред десет години. Таа денес е жива , благодарение на нејзината мајка која и го подари бубрегот.

-„Супер работи, бубрегот добро. Одам на конторла на дијализа  вели супер е нема ништо. Со таблети . немам маки ништо“, вели Дукадинка Рајчиноска.

Синот  има психолошки проблеми, во два наврати ја запалил куќата, а не им го лекувале на Детска психијатрија во Скопје.

Надежта на семејството им е во хуманите граѓани кои со години ги помагаат,  но и државата која треба да им обезбеди постојана помош за лекување  на децата. Не испратија од нивниот скромен дом со надеж дека тажните детски очи  ќе допрат  до надлежните институции и хуманите граѓани.

Сите кои закаат да помогнат може да се јават на овој телефонски број 076 742 042 

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK