Сре06162021

Последна промена12:15:03 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга ФОТО: Со Ѓурѓовденска литија Струга се поклони на патронот

ФОТО: Со Ѓурѓовденска литија Струга се поклони на патронот

Сподели

Со божествена  Ѓурѓовденската  литија  Струга  попладнево   се  поклони на патронот Победоносен и Великомаченик Ѓорѓи.

Годинава поради пандемијата ,  изостана масовноста на древната  традиција.  Свештениците  во намален број, со монашкото братство  од Бигорскиот манастир  и сестринството  од Рајчица  ,  во свечена  поворка со чудотворната икона и моштите  на светителот    го благословија   градот на мостовите.

Верниците  распоредени низ градот , по тротоарите на улиците ги почитуваа препораките , носеа   заштитни маски. Годинава имаше редари од  црквата и силно полициско обезбедување.

- „Апелиравме, верниците да ги почитуваат строго препораките. Да носат зашттни амски и да не ја следат литијата. Да го сочуваме колективното здравје. Да се надеваме и да го помолиме Светиот маченик Георги следната година да нема вакви вонредни околности  штпо поскоро светот да се избави од големото искушене  што го снајде за животот  да се врати во нормала и да можеме струшката литија да ја направиме пославна и поголема од било кога“, вели сестра Ефимија од манастирот Свети Геоги во Рајчица.

Стружани од најмладо до најстаро, велат овие денови во срцата им се буди духовна радост, ја чувствуваат милоста на светителот.

- Секоја година го почитуваме празникот и идиме на литијата. Оваа година според мерките заади пандемијата сите носиме маски  ги почитуваме мерките, за многу години да се празниците, вели една верничка.

-Кај нас има еден збор што се вика послушание, од послушанието се раѓаат сите радости. Така ние денес народот ќе бидеме на послушание да не бидеме во поворката туку да се радуваме на благодатта на моштите“, вели друга верничка.

Литијата е одлика на долгата струшка православна традиција. Овој величествен духовен настан  се негувал  пет векови, а е  возобновен последниве дванаесет  години.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK