Саб10232021

Последна промена01:39:51 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Струга домаќин на Европската шаховска елита

Струга домаќин на Европската шаховска елита

Сподели

Струга домаќин на Европската шаховска елита. Од синоќа во градот на мостовите започна Купот на шампиони во шах.

Врвни домашни и светски шаховски имиња ќе ги одмерат силите, а ќе присуствува и светскиот првак Магнус Карлсен. Нашата земја по трет пат во историјата е домаќин на најсилното клупско шаховско натпреварување, каде се собрани најдобрите играчи на денешницата.
Сите европски држави се застапени преку своите најсилни клубови, засилени со шахисти од целиот свет.

Нема достапен опис

„Го очекуваме да дојде и светскиот првак во шах Магнус Карлсен еден од најдобрите играчи на денешницата Така да голем број играчи од голем број од европските земји, голем број на велемајстори и навистина ни е драго што ни се гости“, вели Александра Гакинова претседател на Македонската шаховска федерација.

„Вакви велемајстори, познавачи на шахот машки и женски досега не се собрале на едно големо натрпеварување така да секако задоволството е наше што вечерва ова се случува во Струга“, вели Наумче Мојсоски директор на Агенцјата за спорт и млади.

Нема достапен опис

Претседателот на Европската шаховска федерација е голем вљубеник во Охридското езеро, особено поради тоа што токму пред 26 години во Струга го освоил првото шаховско место.

„Пред 26 години јас играв на шаховскиот натрпевар токму овде во Струга и го освоив првото место. Навистина сум почестен што имам повторно можност денес да сум во Струга, рече Зураб Ајзмајпарашвили третседтел на Европската шаховска унија.
Од денес до 24 септември на брегот на Охридското езеро 46 клубови од цела Европа , меѓу кои 85 велемајстори и повеќе од 180 титулирани играчи ќе ги измерат силите на 64 те шаховски полиња. Купот на шампиони во шах ќе трае седум денови , а ќе има по стотина шаховски натпревари дневно.

Новинар Соња Рилковска

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK