Сре01262022

Последна промена08:18:17 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга И Струга доби донација од Јапонската амбасада

И Струга доби донација од Јапонската амбасада

Сподели

И општина Струга , односно струшката болница доби вредна донација од Јапонската амбасада.

Денес во салата на Советот на општина Струга се одржа церемонија за потпишување на договорот за грант од Амбасадорот на Јапонија  Хиронори Савада, претседателката на Советот на Општина Струга Арбереша Влаши и директорот  на Општата болница во Струга  Арменд Арслани.

Можно е да е слика од 6 луѓе, седнати луѓе и луѓе што стојат

Со помош на Јапонската амбасада, на одделот за гинекологија во Струшката болница ќе му се обезбеди дигитален ултразвучен апарат во вредност од 50.833 евра. Овој грант е дел од проектот за подобрување на медицинските услуги кои треба да го подобрат квалитетот на здравството и ќе го скратат времето на преглед на речиси 200.000 пациенти од југозападниот регион.

За донацијата се заблагодаридиректорот на болницата Арслани, кој кажа дека овој вреден апарат значително ќе ја подобри здравствената услуга на пациентите во гинеколошкото одделение во регионот. 

Можно е да е слика од 3 луѓе и седнати луѓе

-Секојдневно треба да работиме на зајакнување на нашите капацитети со технолошка опрема. Помошта одобрена од Јапонската амбасада од програмата за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност од Јапонската амбасада на овој софистициран модерен апарат е силен мотив да бидеме подобри и поефикасни во иднина, рече Арменд Арслани директор на струшката болница. 


-Во име на сите Стружани, изразувам благодарност за придонесот и помошта на јапонскиот народ, особено за време на пандемијата. Се надевам дека и во иднина нашата соработка ќе биде зајакната во интерес на граѓаните и за доброто на сите“ – изјави Арбреша Влаши, претседателка на Советот на општина Струга.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK