Приведено лице од Велешта за издржување казна затвор
- Детали
- Објавено на Понеделник, 09 Мај 2022 09:31
Приведено лице од Велешта за издржување казна затвор.
На 07.05.2022 во 14.50 часот во с.Враништа, струшко, полициски службеници од Полициското одделение Велешта, врз основа на наредба од Основен суд Струга го привеле П.И.(28) од с.Велешта, струшко, за издржување затворска казна од една година. Во 15.20 часот лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струга за издржување на казната, информираат од МВР.