Саб06252022

Последна промена03:35:57 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Патот за Ќафасан во катастрофална состојба

Патот за Ќафасан во катастрофална состојба

Сподели

Патот до граничниот премин Ќафасан и оваа сезона ќе остане во катастрофална состојба.

Магистралата, која води кон Албанија со години не е реконструирана, полна со дупки, нерамнини и пукнатини, некои големи и длабоки како кратери.
Голема е фрекфенцијата на возила на овој патен правец, а возењето е потполно небезбедно, се жалат возачите.

- „Полош пат нема во светот. Најлош пат, срамота е ова. Го расипаја, го поправаа и сега дупки се отвараат срамота е. Идат полнат дупки песок фрлаат, џабе. Срамота за државата“, вели еден жител на Струга.


-„Многу е лош патот, катастрофа“, вели помлад стружанец.


Жителите се револтирани од површното санирање на оштетувањата на патот, се жалат секојдневно им се оштетуваат автомобилите.

-„Патот за Ќафасан е најлошиот пат што го имам видено во Македонија. Секаде е лошо ама овде е најлошо што може. Плаќаме како што треба за осигурување, за сите давачки и за патишта плаќаме и за се ,но ништо не се враќа. Колите секој ден се прават штети, репарираме, не знам дали ќе биде некогаш овој пат“, вели друг стружанец

Магистралниот пат Струга-Ќафасан, кој ја поврзува земјава со Албанија е изграден во времето на поранешна Југославија, локалното население од струшките села во неколку наврати организираше протести и блокади за негова реконструкција.

Од ЈП „Државни патишта“ велат за рехабилитација на државниот пат А2, патна делница: Подмоље– Струга – Ќафасан со должина од 19 км обезбедени се 8 милиони евра од ЕБОР, а во тек е тендер.

„За оваа делница, како и за рехабилитација на 5 патни правци, објавен е тендер за набавка на градежни работи, поделен на пет лота. Во тек е евалуација на пристигнатите понуди, во согласност со процедурите и правилата за набавки на Европската Банка за Обнова и Развој. По одобрувањето на евалуацијата од страна на ЕБОР ќе следи процес на потпишување на Договор со најповолниот понудувач“, информираат од ЈП Државни патишта.

Санација на овој магистрален пат од Министерството за транспорт и врски беше најавена во 2018 година, но до ден денес не е реализирана.

Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK