Саб06252022

Последна промена03:35:57 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Поради диви приклучоци фекалии се излеваат во струшко поле

Поради диви приклучоци фекалии се излеваат во струшко поле

Сподели

Еколошка катастрофа во струшко. Десетина денови фекалии се излеваат од колекторскиот систем во струшкото поле кај село Франгово.

Овој проблем е дирекна закана по здравјето на граѓаните, но постои и опасност од загадување на јавниот водовод, бидејќи излевањето е кај главниот цефковод во Струга.

-„Згора на се опасноста е поголема што во непосредна близина поминува главниот вод на водоводната инфраструктура со која стружани се снабдуваат со питка вода, така што многу е веројатно да дојде до загадување на чистата вода со која стружани се снабдуваат од системот“, вели Никола Кукунеш активист.

Од ЈП Колектор велат на тој потег детектирани се нелегални приклучоци, градби и тампони со што шахтите и цефките се затрупани. Извршиле снимање и испратиле допис до сопствениците и инспекторите на општина Струга.

- „Доколку во рок од една недела самиот сопственик не изврши санација на проблемот кој го направи ние веќе се имаме договорено да го отпушиме тој дел бидејки не можеме да го оставиме вака прави еколошки проблеми а сите трошоци ќе ги префактурираме на сопственикот“, вели Владимир Алексијоски директор на ЈП Колекторски систем.

Во битка со нелегалните градежни активности, кои го оштетуваат функционирањето на колекторот ќе се бара помош и од Народниот правобранител. Согласно законот никој нема право да врши градежни активности на 2,5 метри до цефководoт.

Новинар Соња Рилковска

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK