Чет11152018

Последна промена07:54:21 PM

Back Вие сте на: Home Вести Струга Поставен споменикот на албанските востаници на Теферич

Поставен споменикот на албанските востаници на Теферич

Сподели

Жителите од струшките села Теферич и Радолишта денес свечено го открија спомен обележјето во чест на албанските војници, кои пред сто години учествувале во Македонско албанското востание против српскиот окупатор. Настанот беше збогатен со традиционална албанска музика, албанска химна и развиорени албански знамиња.

Тие останаа “глуви” на барањето на струшкиот Музеј да се стопира градбата односно спомен плочата да не се поставува на место, кое според сите преданија е црковно. - Ова е црковно место. До пред десетина години на ова место имаше и крст и верско обележје. Во старите визитации на епархијата е обележано како црковно место, вели Сашо Цветкоски директор на Музеј “Никола Незлобински” Струга.

 

- Во 1999 година во урбанистички план е зацртано еден крст тоа значи дека местото е вакавско заедничко, а не подрзбира дека е црква или џамија, вели Ваит Ајро претседател на организациониот одбор. Денес тие без законска дозвола поставија три спомен плочи во околината на Теферич и Радолишта. - Дозвола нема за ниедна спомен плоча, да бидете сигурни. Дозвола не се бара за спомен плочи. И тоа е одлука на локалните власти, односно на месните заеддници на селата, вели Ајро.

На ова остро реагираа од струкиот огранок на ВМРО ДПМНЕ. - Станува збор за нелегална градба без одлука на Совет. И покрај тоа што градоначалникот се сокри од јавноста нема да се иземе од одговорност Бараме градежна иснпекција веднаш да ја отстрани дивоградбата, бидејќи вака се нарушуваат меѓуетничките односи, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ . Таткото на Струга Зиадин Села откако за албанските медиуми даде изјава во својот кабинет, не се појави на настанот, но испрати свои претставници да положат цвеќе. На свеченоста присуствуваа поранешниот градоначалник и актуелен претседател на ДУИ Рамиз Мерко, претседателот на струшката ДПА и претседателот на Академијата на науки и уметности од Албанија.

 

На споменикот од мермерна плоча стои порака на албански јазик , која никој не сакаше да ја преведе. - Најдете некој нека ви преведе. Вие треба да си имате албанска редакција во вашите медиуми, рече Ајро. Македонските востаници кои рамо до рамо со албанците, турците и торбешите пред сто години војувале во Охридско Дебарското востание против српскиот окупатор, на споменикот не си ни споменати.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK