Вто09292020

Последна промена02:19:11 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Корона вирусот влезе и во фабриката „Мотекс“ во Вевчани

Корона вирусот влезе и во фабриката „Мотекс“ во Вевчани

Сподели

Корона вирусот влезе и во текстичната фабрика  „Мотекс“ во Вевчани.

Според Центарот за јавно здравје официјално потврден е еден случај во погонот. 

-Засега има еден случај на корона вирус во Вевчани во текстилен погон. Вирусот влегол од надвор од слава во Радожда, на која присуствувале една вработена без симптоми, вели Јованка Коровешоска епидемиологот. 

Во фабриката се вработени вкупно 40 лица, претежно сите локалци. Охриднет од вработените во погонот дознава дека не се почитувале препораките.

-Вработените се во постојан меѓусебен контакт,на затворено во хали,  не се носат постојано заштитни маск. Вработените  заедно јадат, пијат кафе,  што значи ризикот за голем број заразени е навистина  голем, појаснуваат вработени кои од разбирливи причини сакаа да останат анонимни. 

Според нашите извори во погонот „Мотекс“ имало дестина жени со симптоми и температура но, не биле ослободени од работа ниту тестирани. Сопственикот на погонот е од Германија и до денес не ја затворил фабриката, ниту ги ставил вработените во изолација. 

Ова е првиот случај на корона вирус  во општина Вевчани. Засега официјално потврдени се две лица. 

 Соња Рилковска 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK