Вто09292020

Последна промена02:19:11 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Фабриката „Мотекс“ единствениот кластер во Вевчани

Фабриката „Мотекс“ единствениот кластер во Вевчани

Сподели

Корона вирусот стигна и во Вечани. Нов  кластер е текстилниот погон „Мотекс“  во општината.

Првата  вработена, која се заразила  била на слава во Радожда,од таму го донесла вирусот. Досега има шест потврдени случаи, но  фабриката  се` уште работи.

Моментално во општина Вевчани има 12  активни болни шест се од кластерот од фабриката. Во најголем дел сите се асимптоматски или со блага форма. Имавме едн пацинетка која се лекуваше на интерното одделение Струга за среќа и таа е добра мислам дека состојбата е под контрола, вели Јован Стојкоски директор на Здравствен дом Вевчани.

Епиедемилозите бараат фабриката итно   да се затвори , да се дезинфицира и сите кои имаат симптоми да бидат тестирани.

-Вработените одат на работа ние го зиветивме санитарниот инспекторат  во контакт се со ЦЈЗ надлежните епидемиолози и последна информација е дека во понеделник ќе се изврши комплетна дезинфекција а за другите постаки ке треба консултација со кризниот штаб и надлежните органи во Министерството за здравство, додава Стојкоски.

Вевчанци се загрижени, општината е мало место со збиени куќи стравуваат од брзо ширење на вирусот.  

Пред една недела Вевчани, иако опколено со најризичните подрачја во струшко,  беше стерилна зона без ниту еден потврден случај на  корона вирус..

 

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK