Вто09292020

Последна промена02:19:11 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани ОБЈАВЕНА КНИГА СО ПЕСНИ ОД ПЕТРЕ АЛУЛОСКИ

ОБЈАВЕНА КНИГА СО ПЕСНИ ОД ПЕТРЕ АЛУЛОСКИ

Сподели

Културно-научната манифестација „Печалбарски денови“од Вевчани,во знак на одбележување на 47 – годишнината од своето постоење ја објави книгата со песни „Вода за свети Спас“од вевчанецот Петре Алулоски.


Да се потсетиме КНМ „Печалбарски денови“која ја почна со активности во сега веќе далечната 1973 година беше првата и единствена манифестација на овој план која се одржуваше на село во Република Македонија,а книгава е плод на ангажирање на неколку вевчанци,со што се докажува максимата од Вевчани,за кои,поетот на општо задоволство,нашол лична инспирација и ги воспеал многу,настани,почнувајќи од доселувањето во населбата,па се до изградбата на водовод за манастирот „Св.Спас – Горни“на планината Јабланица.Во песните авторот Алулоски е подеднакво исполнет и со таги и радости,за се она што тој сакал да се оствари,затоа неговите песни се читаат на еден здив.Во книгата авторот П.Алулоски објавува и мал вовед во којшто појаснува за што пишува,но и за значењто на пишаниот збор во одбрана на македонството и македонскиот идентитет.Во книгата е поместена и неговата прва песна што ја напишал во 1952 год.за време на своето средношколско образование.Авторот Петре Алулоски многу свои песни ги посветил на познати и признати вевчанци,со што остава трајна поетска трага во животот на оваа позната и надалеку афирмирана населба.
Тимот што ја подготви книгата со песни „Вода за Свети Спас“ од Петр Алулоски,е составена од вевченци кои со своето творештво оставаат трајна трага трага,а тоа се афористичарот Сашо Бетоски,Мишо Китаноски потпишан како уредник на книгата,сликарот Христо Чочороски чија слика во масло од манастирот Свети Спас – Горни е поместена на корицата,Билјана Лотеска,која со својот дизајн се грижеше за убавината на изданието и Ленче Коруноска – библиотекарка во Вевчани.Сите тие придонесуваат,книгата на поетот Петре Алулоски да се вброи во убавите наши изданија од ваков вид кај нас.
Планирано е промоцијата на книгата „Вода за Свети Спас“од Петре Алулоски,да се одржи во средината на месец септември во духовниот храм „Св.Никола“во Вевчани,во кој не само авторот туку и сите потпишани во изданието се крстени во него,што е уште еден доказ колку авторот и вевчанци си го сакаат своето Вевчани...

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK