Пет05242019

Последна промена07:37:40 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Последниот акатист во Богородица Каменско

Последниот акатист во Богородица Каменско

Сподели

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 12. април 2019 година (петок), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско - Охрид, со почеток во 16:00 часот, ќе се служи мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, (последен во Великиот пост).

 

На Акатистот ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. 14. април 2019 година (недела), по повод празникот недела на „св. Марија Египетска“ со почеток во 08:45 часот ќе се служи света Василиева литургија во црквата „Св. Георги“ - Охрид, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. Исто така богослужби ќе има и во сите парохиски цркви. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко молитвено прославување.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK