Сре08212019

Последна промена06:36:46 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Што е Бог? Дали постои судбина?

Што е Бог? Дали постои судбина?

Сподели

Бог е оној, за Кого немаше да имаме никакви прашања, ако не падневме во грев. А сега Бог е прашање, дали Он постои? Каде е? Каков е?

Во човекот се појавуваат многу прашања. Сето ова немаше да се случи доколку не згрешевме и гревот не ги заслепи нашите очи. Бог е прва и највисока реалност. Ние сме деца на грешниот Адам и оваа вистина не ни е очигледна, разумот, волјата, чувствата ни се помрачени со грев. Бесмислено е созданието да се сомнева во постоењето на својот Создател.
Бог постоеше пред сите векови, уште пред светот да биде создаден. Кога велиме Бог, мислиме на Бог Света Троица, бидејќи Бог не беше сам, и Бог и Синот и Светиот Дух постоеја пред сите векови, пред сѐ да биде создадено. Тие не се три бога, туку еден Бог во три Ипостаси-Личности. За нашиот разум ова е апсурд, не ни е јасно, неможеме да го разбереме, бидејќи ние сме создадени, а со тоа сме и ограничени, нашиот разум е ограничен, човекот е во простор и во време. Ова се прифаќа со вера.
Бог е беспочетен, бесконечен, вечен, несоздаден, невидлив, неопислив, беспределен, непостижен, Творец на сè. Ние како создадени битија не можеме да си ги претставиме овие нешта.
За нас е природно сè да има почеток и крај, но Бог е беспочетен и тоа ни е тешко да го сфатиме. Но, како што за нас се природни минливите категории, за Бога се природни беспочетноста и бесконечноста, Он е над времето и просторот, Он живее во Вечност, за Него нема минато, сегашност или иднина, Он живее во вечен презент; Божјата перспектива ја гледа историјата како еден миг, како што се вели во псалмот: за Него илјада години се како еден ден и еден ден како илјада години.
При создавањето на човекот Бог се советува со некого: „Ајде да создадеме човек според Нашиот образ и подобие“ (1Мојс 1,27). Од ова можеме да заклучиме дека Бог не е сам, туку со некого се советува, се советува со Лицата на Пресвета Троица. Потоа Бог пак вели: „Ете, Адам стана како еден од НАС и знае што е добро и зло“ (1Мојс 3,22).
Божјиот образ во човекот означува негова можност да живее во Бога, а „подобието“ го овозможува осознавањето на таа можност. Човекот ја имал честа да го добие образот при создавањето, но потполното усовршување во Божјото подобие ќе му биде дадено при свршетокот на светот. Значи, човекот го има Божјиот образ, но во текот на своето живеење треба да се усовршува, односно да го победи гревот, страстите. Бог стана човек, за човекот да стане бог по благодат. Токму ова е целта на постоење на секој човек, се раѓаме да ја спознаеме вистината, да го спознаеме Бог, да се усовршуваме. Човекот кој не ја спознал вистината, го отфрлил Бог, тој залудно го потрошил сето време што му било дадено од Бога на овој свет, залудно нижел успеси кои се материјални и пропадливи, кои немаат вредност, душата е поскапоцена од сето богатство на овој свет.
Познато ни е на сите дека Бог заповедал човекот да не јаде само од едно дрво. И му заповеда Господ Бог на човекот и рече: „Од секое дрво во градината можеш да јадеш,
освен од дрвото за познавење на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш.” (1 Мој. 2-16,17) Да разјасниме, човекот имал заповед да не јаде од дрвото за познавање на доброто и злото, не дека дрвото имало моќ, ниту пак плодовите имале некаква моќ, туку оваа заповед е дадена за човекот да се воздржи, од послушание кон Создателот да се воздржува и да не вкусува од плодовите на тоа дрво.
Човекот не издржал, има слабости и ден денес, не се воздржал, паднал на искушението кое го наметнала сатаната и зела облик на змија. Во тој момент кога човекот вкусил од плодот, во Библијата пишува дека ќе умре, човекот не умрел во буквална смисла, туку во тој момент станал смртен, се огревовил. Пред овој момент човекот е создаден бесмртен, но по благодатта Божја. Само Бог е вечно Бесмртен, но Бог допуштил човекот да биде бесмртен. Човекот не ја задржал бесмртноста и станал смртен, се огревовил.
Затоа велиме дека гревовите носат смрт, последица на гревот е смртта. Исто така човекот е создаден да има слободна волја, ние не сме робови, слободни сме, Бог ни ја даде слободата, да избираме што сакаме. Затоа и велиме дека не постои судбина, апсурдно е да се верува во судбина, бидејќи ако Бог ни дал слободна волја, и можеме сами да избираме, тогаш зошто велиме дека има судбина, и дека така било пишано? Ова е сосема погрешно, ние не го живееме нашиот живот според некои пропишани правила, како да сме марионети и да правиме се што е „пишано“, за да го исполниме. Ние сме создадени со слободна волја, сосема слободни, имаме апсолутен избор. Човекот е ист секогаш, и ние сега сме исти како и Адам. Адам по слободна волја, избра да греши, се огревови, да бевме и ние на негово место мислите ли дека нема да го направевме истото? Колку пати сме го запоставиле Бог за безвредни работи? Колку пати сме го избрале гревот отколку чистотата? Колку други нешта бескорисни ни биле послатки од Бог? За жал, сите ние негативно ја искористуваме слободната волја, наместо да се стремиме кон усовршувањето, да ги потиснеме страстите, да ги мразиме гревовите, напротив ние сме робови на гревот, им робуваме на гревовите, на страстите. Зар Бог за тоа не создаде?
Паѓањето е плод на човековата слобода. Бог не создал робот кој треба слепо да Му се покорува. Се разбира, гревот немаше да постои без слободата. Последиците од гревопадот се праведни: отфрлањето на врската со Бог од страна на човекот и неговото отфрлање на богоцентричноста и свртување кон егоцентризмот. Од тој миг човекот почнал да гледа на светот не како на Божји дар, туку како на негова сопственост.
Драги браќа и сестри, пред да зборуваме за Христовото воплотување, поучување, страдање, распнување и воскресение, треба добро да го разбереме првородниот грев, за потоа да ни биде јасно зошто Бог дојде во тело и зошто беше потребно да не спаси.

автор Студент на Богословски факултет „свети Климент Охридски„ – Скопје

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK