Пон03302020

Последна промена08:19:30 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Одговорни професори - држат онлајн настава

Одговорни професори - држат онлајн настава

Сподели

Во ова време- невреме одговорни професори, иако нема интернет платфорна, самостојно организираат онлајн настава. 

 

Професорката Славка Јанеска од охридската гимназија, веќе неколку денови држи настава во група на фејсбук месинџер. Шеесетина деца секој ден по час и половина го следат нејзиниот час по македонски јазик.

- „Часот го држам на месинџер. Направена е онлајн група. Им ги пишувам лекции ги испрашувам заеднички повторуваме. Секој ден имам час од 13 или од 15 часот. Ме следат шеесетина уеници. Учениците се задоволни. Комуницираме секојдневно. Им дадов и лектири кои ќе треба да ги работат. Па ќе ги разработуваме“, вели професорката Славка Јанеска во изјава за Охриднет.ком. 

Доколку продолжи состојбата со корона вирусот и доколку училиштата и натаму не работат, Јанеска најави дека ќе прави група на Skype за држење часови во живо. 

И наставничката Виолета Петкоска од ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид е пример за одговорен просветен работник. И таа секојдневно има онлајн нстава со своите ученици. 

-„Станува збор за скајп час. Се гледаме,пишуваме,читаме,одговараме ,се слушаме. Со моите второодделенци одлично ни оди таквиот вид комуникација. Искрено, имаме високо ниво на соработка и со родителите, кои ми праќаат повратни информации преку видеа од изразно читање или слики со пишуваните домашни тетратки, кои ќе ги чувам на Google Drive, а следиме и утринска „ТВ Училница“ на МТВ “, вели Виолета Петкоска. 

Земјава мора да размислува за национална е- платформа за настава. Во услови на корона вирус согласно препораките наставниците пожелно е да најдат начин за онлајн настава. 

Има и други просветни работници, кои посветено наоѓаат инвентивни е начини за комуникација со своите ученици и е - настава. 

 

Соња Рилковска 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK