ФОТО: Тони Михајловски со семејството викендов уживаа во Охрид
- Детали
- Објавено на Понеделник, 26 Јули 2021 13:32
Познатиот актер Тони Михајловски викендов беше во Охрид со повод и убава причина, но не го изостави и уживањето на охридските убавини. За сместувањето на семејството се погрижија нивната другарка Миа позната македонска инфлуенсерка, заедно со Емилија и П.С апартмани Свети Никола.
Александра Јорева Михајловски како и голем број на популарни светски дами се закити со прекрасен комплет накит од оригинални охридскиот бисери од семејството Филеви. Таа избра комплет ист како на принцезата Јелисавета Караџорџевиќ.
Како и секогаш, така и сега за храната вкусна, традиционална и здрава, како што преферерира Александра задолжен е ресторанот „Томато“.
-„Кога одам во Охрид, одам во Томато. Исклучително вкусна храна, кај моите стари, добри пријатели“, вели Михајловски за Охриднет.
Вчерашниот ден го минаа во прекрасна прошетка по Охридското езеро, возејќи се со еден од многуте катамарани.
Ноќ за паметење беше и свадбената веслеба кај нивните блиски пријатели Богдан и Анастасија, која беше организирана во Охрид. На веселбата, каде се славеше и првиот роденден на Дениција беа и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, режисерот Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски......
За шминката на прекрасната Александра која блеска со елеганција и софистициран минимализам, се погрижи популарната мејк ап артистка од Охрид Кика.
Ова е втор викенд на семејството во Охрид, воедно и дел од одморот планираат да го минат на брегот на Охридското езеро, како поддршка за македонскиот туризам.