Саб06252022

Последна промена03:35:57 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Страсна Седмица – Велики Понеделник

Страсна Седмица – Велики Понеделник

Сподели

Во Православната Црква последната седмица од Христовиот живот се вика Страсна седмица.

За секој нејзин ден во богослужбените книги се зборува како за голем и свет, и во секој од нив, во сите цркви се извршуваат посебни служби. Земниот живот за верниците престанува, зашто тие одат горе во Ерусалим со Господа (Утрена на Велики свети понеделник).

Во Страсниот понеделник Црквата ни ја дава за размислување темата за бесплодната смоква, осудена од Христа. Вторник е посветен на темата за Мудрите девојки кои, за разлика од своите неразумни сестри, биле спремни за Господовото доаѓање. Во среда нашето внимание е свртено кон покаената блудница. Службата ја нагласува разликата помеѓу спасената грешна жена и погинатиот Јуда, избран како апостол: првата го дава своето богатство на Христа и ги бакнува Неговите нозе, а другиот пак, за пари го предава со бакнеж.

Црквата пропишува во првите три дена на Страсната седмица на часовите да се читаат сите четири Евангелија до местото кај што почнуваат Христовите страдања. А старозаветните читања се земаат од II Книга Мојсеова, од Јов и пророците. Може да се каже дека како оишта тема на првите три дена од Страсната Недела се јавува крајот на светот и Христовиот суд.

Во оваа недела Црквата предвидува строг пост до Христовото воскреснување.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK