Пет05242019

Последна промена07:37:40 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Велигден поминете го во Балканскиот Ерусалим

Велигден поминете го во Балканскиот Ерусалим

Сподели

На најголемиот христијански празник Христовото Воскресение Охриднет ви препорачува да бидете  во Охрид.

 Охрид е вистинското место во земјава каде ќе  вдишете празничен  мир и спокој. Балканскиот Ерусалим, ќе ги плени вашите срца со бројните православни храмови. Во древните храмови од памти век, се чуствува посебен мирис.... секое камче е историја....секое вдишување е магија.....  Кога сте во охридските цркви имате чуство дека сте поблиску до Бога..... Овде и молитвата чиниш побрзо патува....

Охриднет ви препорачува да ги посетите:

Светиклиментовиот храм на Плаошник. Поклонете се на гробот на големиот македонски светител.

Светиклиментовиот гроб во новиот храм е на старата гробна конструкција, целиот под стакло, а над него има саркофаг од мермер во кој се наоѓа ковчежето со моштите на свети Климент. На јужната страна на гробот се поставени икони на свети Климент и на свети Пантелејмон.....

Посетете ја црквата Богородица Перивлепта. Само овде  единствено во светот  ќе може да видите уникатни лапислазули, фрескоживопис правен со килници злато..... 

Во Богородица Перивлептос е најзначајниот фрескоживопис во земјава, а таа е  една од најстарите цркви.  Студенти од Русија, Франција и Белгија ден денес полагаат магистарски испити и докторатури на уникатните фрески во древнит храм . Таа е една од седумте цркви во светот со најмногу лапислазули правени од килници злато носено од Авганистан.....
 
 Катедралната Света Софија милува со убавина. На верниците им трепери срцето кога ќе го видат овој величествен храм.
 
Катедралната Света Софија е една од најголемите средновековни цркви на овие простори. Во еден долг временски период таа била соборна црква на Охридската архиепископија, која својата црковна власт ја протегала на територијата на север од Дунав, до албанските брегови на запад и до Солунскиот Залив на исток.....
 
Свети Јован Канео една од најсликаните цркви во Охрид. На карпестиот рид надвисната над Охридското езеро Канео  ги плени воздишките на верниците.

Западно од рибарската населба Канео во Охрид, на височинката што косо се издига над езерото, се наоѓа црквата посветена на св. Јован Богослов. Нејзината положба на ова доминантно место, со широк видик кон југоисточната и северозападната страна од езерото, ни дава вонредно убав изглед. До денеска не е утврдено дали манастирската црква е подигната на постаро култно место......


Манастирот Свети Наум Охридски. Светото катче каде и ден денес ќе ја почуствувате енергијата на Чудотворецот. 
Се верува дека Свети Наум е жив светец. При поклонот на неговиот гроб во самиот манастир верниците го наслушуваат неговото срце. Манастирот и живописната околина се ретка убавина од која се шири духовност, мир и спокој..... Од Наумовата црква и денес одзвонуваат легендите за чудата на големиот светител, лекар, учител...
 
Ова се мал дел од православните храмови, кои Охриднет топло ви препорачува да ги посетите за Велигденските празници. Сите знаеме дека Балканскиот Ерусалим, нашиот магичен Охрид има 365 цркви.....
 
 Соња Рилковска
 

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK